Ученички парламент 2019

На 23.09.2019 година се реализираше конститутивна седница на Ученички парламент. 

Директорот на училиштето ги запозна учениците со работата на Ученичкиот парламент, која е неговата улога и даде насоки за работа. 

За претседател на Ученичкиот парламент беше избрана Бранка Накова, а за заменик-претседател Исра Џемаиљи, кои ќе бидат претставници и на Училишниот одбор. За секретар беше избран Тео Стаменковски и заедно со ученикот Стефан Тодоровски ќе бидат претставници во Советот на родители, а како претставници на Наставнички совет се одбрани Спасија Цветковска и Александар Јовановски. 

Беше формирана и комисија за доверба и соработка, а неа ја сочинуваат училишниот психолог Елена Темелкоска, наставникот Маја Цекова, како и учениците Ајрули Ердуан и Филип Николовски.