Дисеминација и обука на наставниот кадар 2019

На 30.08.2019 година, во рамки на проектот Broken Family Children од програмата Erasmus+, наставниците од ООУ "Кирил и Методиј" проследија едночасовна дисеминација за досегашниот тек на проектот, посветен на зајакнување на емоционалниот и социјалниот развој на децата, како и подобрување на успехот, однесувањето и вклученоста на учениците во наставниот процес. 

Досега се остварени 2 посети од проектот, во Турција и Полска, а во наредните месеци ќе следат посети на Романија и Италија. Завршниот дел од проектот ќе биде во нашата земја во март, 2020 година. 

Дисеминацијата ја реализираа одговорните наставници за проектот: Биљана Арсова, Виолета Поповска, Емилија Наумовска, Елена Антонова и Марина Димоска. 

По дисеминацијата, психологот Елена Темелкоска одржа 3-часовна обука на тема "Емоционална интелигенција кај децата", на која се дискутираше за улогата на детството и настаните во него како клучен фактор за развој на емоционалната интелигенција, која пак директно влијае на успешноста на единката како возрасна личност во животот како целина.