Обука за нов концепт за граѓанското образование 2019
Вто, 20/8/2019
На 20.08.2019 год. во ООУ „Кирил и Методиј" - Стајковци беше реализирана обука за наставниците насловена „Активности за потикнување на демократската клима во училиштата“, со траење од 6 часа, на која предавач беше директорката на училиштето, м-р Анита Ангеловска. Обуката има цел вклучување на целото училиште и локалната заедница во промоција на граѓански вредности и практикување демократско однесување. Планираните активности ќе бидат реализирани во текот на целата учебна година. |