Посета на Саем на книгата 2019

На 13.05.2019, учениците од III, IV и V одделение, заедно со одделенските  раководители и училишниот библиотекар ја посетија манифестацијата за популаризација и афирмација  на книгата - Саем на книгата. 
На оваа едукативна посета, учениците се запознаа со голем број издавачки куќи, како Просветно дело, Топер, Култура, Феникс и нивните најнови изданија.
Учениците  со задоволство си избраа и купија книги по свој вкус за нивните домашни библиотеки: лектири, романи, забавна и популарна литература, како и помошна литература во учењето.