Електрични апарати во домот 2019
Проект Еко Пакет: Електрични апарати во домот Во рамки на проектот Еко-Пакет, се одржа училишен натпревар за изработка на уметнички дела од Тетра Пак амбалажа на тема „Електрични апарати во домот“. Најдобрите три уметнички дела, согласно темата и критериумите, ќе бидат пријавени на официјалниот Еко Пакет награден конкурс. Целта на овој проект е да се подигне свеста за селектирањето на употребената Тетра Пак амбалажа од останатиот отпад во домовите и во пошироката средина. Благодарност до сите ученици, родители и наставници кои земаа активно учество во реализацијата на овој проект, преку собирањето на Тетра Пак амбалажата и помошта во изработка на уметничките дела. |