Ден на планетата Земја 2019

Учениците од одделенска настава од централното и подрачното училиште го одбележаа 22-ри Април - Денот на планетата Земја - со акцијата "Сите на велосипед".

Учесниците со своите велосипеди испратија порака за што почесто користење на ова најеколошко превозно средство, полезно за општото здравје на сите нас, како и за зачувување на нашата планета од загадувањето предизвикано од издувните гасови на моторните возила. 

Сите ученици го имаа закачено мотото на овој настан на нивните  униформи.