Семинар - Express Publishing 2019

На 19.04.2019, предметните наставници по англиски јазик од нашето училиште присуствуваа на семинарот Building Multiple Pathways to Effective Learning (Градење бројни патишта за ефективно учење), во организација на издавачката куќа Express Publishing. 

На семинарот беа претставени нови и иновативни начини на кои изучувањето на англискиот јазик може многу повеќе да им се доближи на учениците, за да се зголеми и подобри нивниот успех. 

Презентери на настанот беа Russell Stannard (универзитетски професор од Англија), Александра Поповски-Голубовиќ (претседател на ELTAM) и George Kokolas (претставник на Express Publishing).