Проект "Оценување за учење" 2019

Во текот на оваа учебна година, нашето училиште е вклучено во проект од Биро за развој на образование и наука на тема Оценување за учење: Поставување и употреба на критериуми за успех по математика и природни науки во основното образование“, кој има за цел зајакнување на самооценувањето и оценувањето меѓу учениците. 

Проектот се реализира во неколку чекори, меѓу кои беше и посетата на советникот од БРО, Мирјана Милошевска, и следење на текот на наставата кај наставниците вклучени во него. 

Во тимот по природни науки работат наставниците Елена Антонова, Дијана Илиевска и Јасмина Јездиќ, додека во тимот по математика се вклучени наставниците Габриела Јорданов, Даниела Наумовска и Александра Накева.