Акција: 21-ви Март - Ден на екологијата и Ден на пролетта - 2
Нашето училиште го одбележа 21-ви Март, Денот на екологијата и Денот на пролетта со голем број разновидни активности. Учениците од одделенска настава спроведоа еколошки работилници, поставуваа еко-пораки во училиштето и училишниот двор, уредуваа еко-катчиња, изработуваа постери за разубавување на училишните ходници, како и ликовни и литературни творби. За најавата на пролетта, најмалите ученици направија цветно дефиле со еколошки пораки и песни во блиската околина. Учениците од предметна настава се вклучија во хортикултурно уредување на училишниот двор и изработија ликовни декорации во училишните ходници. Цел на акцијата е зајакнување на еколошката свест кај учениците и создавање навики за чиста и здрава животна средина. |