Мобилност во Шпанија 2019
Првата мобилност од проектот “Young Enterpreneurs at School”, финансиран од програмата Еразмус+ КА229, се одржа во училиштето Colegio Público Vadorrey Les Allées во Сарагоса, Шпанија во периодот од 25.02.-01.03.2019, на која учествуваа наставници и ученици од нашето училиште, како и од Полска и Португалија. Претставници од нашето училиште беа наставниците: Елена Блажевска, Биљана Арсова и Благородна Сотиров и учениците: - Мартина Цветковска, Сара Јосимовска, Теодор Спасовки (VI-1) - Матеја Груевска, Теодор Младеновски, Теодора Младеновска (VII-1) - Филип Ефремов, Марко Поповски (VII-2) Огромна благодарност до училиштето-домаќин, координаторот Lola Tena Sanz, родителите, учениците и целиот тим за прекрасната организација, која опфати учество на едукативни работилници, посета и прием во Градското собрание, посета на карневал и музеи и екскурзија во национален парк. |