Посета на Музеј на илузии 2018

На 23.11.2018, учениците од VIII одделение, заедно со своите класни раководители Биљана Арсова и Јасмина Јездиќ и во придружба на родителите Билјана Велковска и Тања Димковска, ја реализираа планираната активност „Одиме во Музеј на илузии“ во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“.

Музејот на илузии на учениците им овозможи рекреација со повеќе музејски содржини: соба со огледала каде учениците се мултиплицираат, соба за гравитација, превртени соби и соби со опозитни архитектури, соба во која навидум пропаѓаат во дупка или налетуваат на воз. 

Учениците имаа можност да се фотографиираат во просториите со експонатите кои даваат илузионистички ефекти и да уживаат во процесот на губење гравитација, да го почувствуваат стравот во лифтот без дно и да ја доживеат извртената перцепција во превртените соби.