Светски ден на учителот 2018

Светски ден на учителот: 

Час по зумба и едукативна работилница за здрава храна

5-ти Октомври, свeтскиот Ден на учителот, оваа година беше несекојдневно одбележан во нашето училиште, со промовирање на спортот како здрав начин на живот за секоја личност, без оглед на возраста. 

Сите  наставници од централното и подрачното училиште зедоа активно учество на час по зумба, со изведување физички вежби со елементи на танцување. 

Наставниците ќе можат да воведат и дел од научените зумба движења на часовите по физичко и здравствено образование, што кај учениците уште повеќе ќе го зголеми интересот за спортувањето. 

Благодарност до инструкторката по зумба, Катерина (@Zumba by Kate), за енергијата, мотивацијата и инспирацијата физичката активност да стане сечие секојдневие.

По одржаниот час, следуваше едукативна работилница за придобивките од здравата исхрана за целокупната здравствена состојба на човекот. 

Голема благодарност и до познатиот нутриционист, Цвета Динева, која ја нагласи исклучителната важност на редовното внесување вода во организмот за хидратација на телото и за превенција од разните болести на денешницата, како и многу други корисни совети за здравјето што секој од нас треба да ги применува. 

Проектот за здрава храна повеќе години се реализира во нашето училиште, во рамки на наставната програма. 

Денешниот настан имаше и медиумска покриеност, а тв-прилогот може да се проследи на наведениот линк:

ЗДРАВАТА ИСХРАНА ПРЕВЕНЦИЈА ЗА МНОГУ БОЛЕСТИ↗