Проект "Избери го вистинскиот спорт" 2018

На 26.09.2018 година, во нашето училиште се реализираше проектот "Избери го вистинскиот спорт", во соработка со Факултетот за физичка култура.

Проектот ги опфати учениците од второ и трето одделение од централното и подрачното училиште, кои изведуваа најразлични спортски активности (мал фудбал, куглање, бадминтон, игри со обрач итн).

Целта на настанот беше учениците да го развиваат и негуваат спортскиот дух и да можат да го одберат и практикуваат оној вид спорт кој е најблизок до нивните физички способности.

По завршување на настанот, реквизитите користени за спортските активности беа донирани за потребите на двете училишта.