Ликовен конкурс - доделување дипломи 2018

На 19.04.2018 година се одржа свеченото доделување дипломи од ликовниот конкурс „Априли ли ли", организиран од страна на Детскиот културен центар „Карпош“. 

Со дипломи се закитија Ивона Спасовска (VIII-2), Јана Илиевска (VIII-2), Александар Димковски (VII-2), Дарко Трајковски (VI-1) и Елена Апостоловска (VI-2), под менторство на наставникот по ликовно образование, Ели Чочова. Беше доделена и диплома за училиштето.

Честитки!