Манифестација „Читатели-рекордери“ 2018
Пет, 23/2/2018
На 23.02.2018 година, ученичката Деспина Стојановска, заедно со својот ментор, библиотекарот Вера Стојаноска, учествуваа на манифестацијата „Читатели-рекордери“. Ученичката беше наградена со благодарница за освоено 3-то место на натпреварот Млади библиотекари, како и со книги и годишна членарина во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје. Благодарница беше доделена и за менторот. Честитки за постигнатиот успех. |