Натпревар по математика и физика во "Јахја Кемал" 2018
На 17.03.2018 година, во приватното средно училиште ,,Јахја Кемал“се одржа натпревар по математика и физика, на кој учество зедоа 62 ученика од основните училишта во Скопје. На натпреварот учествуваа и ученици од ООУ ,,Кирил и Методиј “ - Стајковци, заедно со својот ментор, Габриела Јорданов. Притоа се постигнати следните резултати: 1. Александар Миткоски (IX-2) - 2. место (сертификат) Ученикот Александар Миткоски, како второпласиран, освои стипендија со платени 70% од годишните трошоци во истото училиште, односно 1910 евра, како и парична награда од 3000 денари, која му беше врачена по завршување на натпреварот. Честитки за постигнатиот успех на сите учесници. |