Етно одаја 2018

Претставници од нашето училиште, директорката м-р Ана Петровска и наставникот по македонски јазик, Маја Медарска, на покана и во организација на Здружението „Арти Крафт“, присуствуваа на отворањето на Етно одаја. Настан од уникатен карактер, каде преку изложените предмети и изработки е претставено како жената  на еден тивок начин успеала преку иглата и конецот, преку нејзиниот вез и облека да го овековечи битот на нашиот народ, притоа создавајќи везбена историја во која специфичните орнаменти, техниките на вез и боите на конецот трајно го одбележуваат времето на нејзиното потекло и создавање. Најголемото богатство на една нација се  традицијата, занаетот и корените.