Награда "Големата Мајка" 2017

Почитувани колеги, родители, ученици, соработници, пријатели,
На 28.12.2017 година, во општина Гази Баба, по повод наградата "ГОЛЕМАТА МАЈКА"↗, имав чест да ми биде доделена ПЛАКЕТА за значајни остварувања во областа на хуманоста и солидарноста. За мене е највредната награда во животот. Ви благодарам што досега секогаш бевте огромна поддршка за да се соочиме со сите предизвици, меѓу кои и најголемиот, поплавата во август, 2016 година, да не се повтори, никому, никогаш и никаде. Ви благодарам што хуманоста ја покажавте и покажувате, секогаш несебично се вложувавте и здружено реализиравме голем број хумани акции, настани. Некому подаривме насмевка и надеж за подобро утре. Верувам дека и понатаму најголемата човекова карактеристика ќе биде Ваша водилка - човечноста. Оваа награда е наша. Нека биде мотив трагот кој ќе го оставаме позади нас секогаш да остане позитивен белег како резултат на нашите дела.
Ви благодарам! 
Искрено,
Директорката