Месец на книгата 2017
Во текот на Месецот на книгата, членовите на библиотекарската секција избраа и направија изложба на омилени книги под наслов „Ви препорачуваме да ги прочитате книгите...“ Во текот на овој месец се наградуваат со пофалници најактивните читатели од сите одделенија, најуспешните учесници на натпреварот Млади библиотекари и активните членови на библиотекарска секција. На 7-ми и 9-ти ноември, во II и III одделение библиотекарот реализира активност со примена на ИКТ-технологија: презентација во PowerPoint и предавање на тема „Патот на книгата до читателот“ и „Делови на книгата“. Учениците се запознаа со директните учесници во создавањето на една книга, почнувајќи од идејниот творец, писателот, издавачот, илустраторот, преведувачот и уредувачкиот тим. Се запознаа и со установите кои се задолжени за изработка, умножување и продажба, книжарниците и библиотеките каде се води грижа за книгите, каде се сместуваат, се чуваат, се селектираат, се обработуваат и издаваат на корисниците. Потоа се запознаа со основните составни делови на книгата: корица, `рбет на книгата, насловна страница, содржина, страници и кои елементи ги содржи описот на книгата или ЦИП-записот на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Исто така, учениците ги научија основите за правилно ракување и чување на книгата и основните правила на библиотеката. На крајот, младите читатели рецитираа и читаа од омилените наслови на книги. |