На 07.09.2017 година, во текот на седмицата посветена на Мајка Тереза, во подрачното училиште во Страчинци се одржа хуманитарна акција „Круг на хуманоста“.
За време на активноста, голем дел ученици, родители и наставници имаа можност да присуствуваат на завршната активност „Квалитетот на водата и богатството на флора и фауна во скопскиот регион“. Резултатите од оваа истражувачка активност ги соопшти наставничката Маја Цекова, во присуство на членови од СИТ-тимот и ученици кои учествуваа во истата.
Активноста беше проследена од градоначалникот на општина Гази Баба, а поддржана од директорката на нашето училиште.
Беа промовирани и најавени и нови проекти од областа на здравствената заштита и МИО-интеграцијата во оваа учебна година.
|