Изградба на потпорниот ѕид 2018

2017 година ја завршивме успешно, во 2018 продолжуваме со посветена работа и реализација на уште една од нашите поставени цели. Како резултат на нашата успешна соработка со Сојузот на Ротари клубови на Република Македонија, по повеќе од една година напорна работа и прибирање на донации, започна изградбата на потпорниот ѕид во ПОУ Страчинци, кој беше урнат од поплавата во август, 2016 година. Изградбата на истиот треба да заврши пред почетокот на второто полугодие. Благодариме, Сојуз на Ротари клубови на Р. Македонија. Аирлија!!!