Еко - квиз 2017

Во рамки на одбележување на Денот на екологијата, во просториите на училиштето се одржа Еко-квиз, во кој учествуваа ученици од трето до петто одделение. Учениците на забавен начин се натпреваруваа и ги збогатија знаењата од областа на екологијата. Победници во овој квиз беа учениците од III-2 одделение.