Secure internal registration

Врз основа на член 4 став 2 од Законот за заштита на укажувачи („Сл.весник на РМ“ бр.196/15, 35/18 и „Сл.весник на РСМ“ бр.257/20), член 2 став 1 и член 3 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор („Сл.весник на РМ“ бр.46/16), Директорот на ООУ „Кирил и Методиј“ – Стајковци донесува РЕШЕНИЕ за назначување на лице овластено за прием на пријави од укажувачи:

Лилјана Павловска – секретар
Телефон: 02 2553 546
Мобилен: 078 378 738

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Укажувачот, со добра намера врши заштитено внатрешно пријавување со поднесување на пријава:

- во писмена форма (лично или препорачано по пошта)
- по електронски пат преку електронско сандаче, или
- усно на записник пред овластеното лице

Пријавата во писмена форма или усно на записник укажувачот ја поднесува до овластеното лице во текот на работното време.

Укажувачот не е должен да ја докажува добрата намера и вистинитоста на поднесената пријава.