Денес учениците од III-1 и III-2 одд. под менторство на нивните наставнички и во соработка со родителите активно се вклучија во одбележување на Неделата на информатиката.
Работилниците за безбеден интернет ги реализираа родители кои се занимаваат со дигитална технологија.
Во рамки на Неделата на информатиката се одбележа и Денот за побезбеден интернет. Оваа година темата е „Предобро за да биде вистинито. Да се заштитиме од онлајн измами“.
Целта на активноста е да ги инспирираме учениците да ја истражуваат информатиката и технологијата, да ги едуцираме за дигиталната безбедност и да ја зајакнеме соработката меѓу наставниците, учениците и родителите.