Мисија и Визија

МИСИЈА  НА УЧИЛИШТЕТО:
Училиште со современ образовен процес и услови за квалитетна, ефикасна и ефективна настава преку која се изградуваат личности со развиена свест и способности за колективен и индивидуален развој и  оспособени за живеење во мултиетничко општество. 
Училиште кое перманентно вложува во професионалниот развој и меѓусебната соработка на воспитно-образовниот кадар, работиме по високи етички стандарди.
 
Изјава за мисија:
 
Училиште со еднакви можности за развој и напредување.

ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО:
Да создадеме училиште кое напредува во квалитетот на условите за работа, едуциран наставен кадар, интерактивна соработка меѓу учениците, наставниците и родителите. Училиште со здрава клима и пријатна атмосфера за работа во која ќе создадеме личности со високи вредности кои ги знаат своите права и одговорности, го негуваме меѓусебното почитување и толеранција, градиме доверба и почит.
 
Изјава за визија:
 
Училиште со услови и стручност за максимален развој и едукација на учениците.

МОТО НА УЧИЛИШТЕТО:
„Успешно училиште – светла иднина.“
СЛОГАНИ:
- Моето училиште е мојот втор дом
- Учи за да можеш квалитетно да живееш
- Доброто училиште е пример за праведност. Можеби не си секогаш во право сослушај го другиот
- Соработката, толеранцијата, довербата и почитувањето  се услови за правилен развој и функционирање на училиштето
- Само со заедничко решавање на проблемот ќе ја оствариш целта
- Чистотата во светот да царува, природата со убавини да не дарува
„УСПЕХ  ПОСТИГНУВААТ  ОНИЕ КОИ ЗАСТАНУВААТ НА СВОИ НОЗЕ
И БАРААТ УСЛОВИ КОИ ИМ ОДГОВАРААТ, А АКО НЕ ГИ НАЈДАТ САМИТЕ ГИ СОЗДАВААТ“.