Erasmus+ KA229 - Посета на Колобжег, Полска 2019

Во периодот од 25-29.03.2019 година се реализира втората планирана средба од меѓународниот КА229 Erasmus+ проект, “Broken Family Children” /  „Деца од „растурено“ семејство“, на која учествуваат група наставниции стручни соработници од Македонија, Романија, Турција и Италија. Домаќин на средбата беше Полска и основното училиште во полскиот град Колобжег - Szkoły Podstawowej nr 6.

Целта на состанокот беше да се развијат ефективни методи за работа со деца кои имаат негативни емоции, се асоцијални и оние кои се наоѓаат во неповолна положба во семејството. Вежбите обработени за време на работилниците, во кои учествуваа наставниците од гореспоменатите земји, имаат за цел да помогнат во намалување на агресивното однесување на учениците, намалување на нивното отсуство од училиште, подобрување на квалитет на учењето на учениците, зголемување на нивните компетенции и развивање на нивните способности. За време на работните средби, наставниците ги споделија своите знаења и искуства и ги споредуваа статистиките помеѓу училиштата. 

Во прилог на работата на проектот, учесниците имаа можност да ги посетат Колобжег, Гдањск и Берлин. 

Проектот е финансиран од Европската Унија, со посредништво на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на секоја од земјите-учесници.